18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо и се понудил на Барселона

Роналдо и се понудил на Барселона

Влијателниот каталонски медиуми „Мундо Депортиво“, објави дека Кристијано Роналдо совите услуги и ги понудил на Барселона.

Овој извор тврди дека Роналдо не е среќен во Манчестер јунајтед, дека не му се допаѓаче методите на новиот менаџер и дека сакал да го напушти „Олд Трафорд“.

Тренерот Чави, Португалецот го контактирал преку Џерард Пике, додека во исто време менаџерот Жорж Мендеш преговарал со претседателот на Барселона, Џоан Лапорта.

„Роналдо знае дека Барселона има проблем во шпицот на нападот и дека и е потребен голгетер. Во Барселона најпрвин помислиле дека се работи за некоја шега, но потоа им станало јасно дека намерата на Роналдо е реална“, пишува „Мундо Депортиво“.

Овој извор внесува уште малку драма во целата оваа приказна, со информацијата дека доколку дојде до соработка помеѓу двете страни, тогаш Роналдо би живеел во куќата на Лионел Меси, која би му ја изнајмил Аргентинецот.

„Мондо Депоритво“ најави сериозен фудбалски земјотрес, блиската иднина ќе покаже колку се вистински овие информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП