25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерги сакал да ги донесе Бејл и Роналдо за да освои нова...

Ферги сакал да ги донесе Бејл и Роналдо за да освои нова титула од ЛШ

Неколку месеци пред да се повлече од менаџерската позиција во Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон планирал две големи засилувања за уште еднаш да ја освои Лигата на шампионите, открива Патрис Евра.

Фергусон се повлече од „Олд Трафорд“ во 2013, откако ја обезбеди својата 13-та титула од Премиерлигата, победувајќи ги Манчестер сити, но тој планирал да остане подолго и верувал дека со враќање на Кристијано Роналдо и со купување на Герет Бејл ќе можел да владее во Европа.

„Две недели пред да се повлече, се сеќавам дека во медиумите имаше шпекулации, но тој ми кажа: ‘Патрис, никогаш нема да си одам, ќе бидам тука уште 10 години’. Потоа ми кажа дека е 99 отсто сигурен дека ќе ги има Кристијано Роналдо и Герет Бејл, бидејќи тие двајца му фалеа за титулата. Кога зборував со Кристијано, тој ми го потврди тоа“, вели Евра.

Тој објаснува и како Фергусон им соопштил дека се повлекува.

„Две недели подоцна кога стигнавме во Керингтон, имаше камери и мислев дека некој згрешил нешто и е во насловните. Тогаш ни кажаа да одиме во соблекувалната, бидејќи шефот сака да зборува со нас. Кога тој доаѓа пред тренинзи, нема добри вести. Ни кажа: ‘Жал ми е, некои луѓе кажаа дека ќе се пензионирам, пред јас да кажам. Затоа се камерите тука. Но, ќе се повлечам бидејќи и требам на сопругата’. Се извини на Робин ван Перси и Шинџи Кагава, бидејќи само што ги донесе во тимот. На нив посебно“, објаснува Французинот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП