24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе разгорува битката за Лјаиќ

Се разгорува битката за Лјаиќ

ljaic

Фудбалерот на Фиорентина Адем Лјаиќ со сигурност ќе ја напушти Фиренца, а по долготрајното интересирање на Милан на пазарот се појавија и нови потенцијални купувачи.

Галатасарај и Ливерпул се заинтересирани да го доведат поранешниот фудбалер на Партизан кој минатата сезона ја одигра одлично за тосканскиот клуб.

Фиорентина цело лето се обидува да го продолжи договорот со Лјаиќ, но тоа не им успеа. „Виолетовите“ досега ги одбиваа обидите на Милан да го откупат српскиот репрезентативец.

„Тешко е да се поверува дека ќе успееме да го задржиме Лјаиќ“, вели претседателот на клубот Андреа Дела Вале.

Играчот на Атлетико Мадрид, Арда Туран беше прва желба на Ливерпул и Галатасарај, но цената од 25 милиони евра ги одби и двата клуба.

Поради тоа што договорот на Лјаиќ истекува следното лето, неговата цена ќе биде многу помала.

Како тинејџер Лјаиќ требаше да премине во Манчестер Јунајтед, но веќе договорениот трансфер англиската екипа го откажа, па тогашниот играч на Партизан со што току наполнети 18 години замина за Фиренца.

По две години променливи настапи и пролетта 2012-та кои беа одбележани со недисциплина и физичкиот контакт со тренерот Делио Роси, Лјаиќ во претходната година стана посериозен и драматично го подигна квалитетот на игра. Епилог на тоа се 12 голови на 31 натпревар со одлични оценки за настапите со кои го привлече вниманието на многубројните европски клубови.

Според прописите на „UEFA“ настап во квалификациите не го спречува за друга екипа да настапи во групната фаза, што е многу важно за Милан и Галатасарај, но не и за Ливерпул.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП