28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРангник: „Марсијал треба да разговара со мене, не со медиумите“

Рангник: „Марсијал треба да разговара со мене, не со медиумите“

Ентони Марсијал е еден од фудбалерите за кои се шпекулира дека ќе го напуштат Манчестер јунајтед, во зимскиот преоден рок. Францускиот интернационалец не е задоволен од минутите кои ги добива оваа сезона, најпрвин од Оле Гунар Солскјер, а птооа и од Ралф Рангник.

Новиот менаџер на Јунајтед, Рангник, полудел кога од новинарите дознал дека Марсијал има намера да го напушти клубот.

„Со фудбалерите и нивните менаџери не комуницирам преку медиумите. Не ме интересира што им кажуваат менаџерите на новинарите. Немам намера да го прашувам Марсијал што мисли. Тој треба да дојде и да разговара со мене или да разговара со некој од клупските челници околу евентуалниот трансфер. Значи нека дојде и се нека ми каже во лице. Не можам да комуницирам преку медиумите со фудбалерот и неговиот менаџер“, рекол 63-годишниот Рангник.

Марсијал од почетокот на сезоната има одиграно само девет натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП