ПочетнаЗДРАВЈЕЧај кој ќе ви помогне при отежнато варење

Чај кој ќе ви помогне при отежнато варење

Една од ароматичните билки која ќе ви помогне да ги ублажите или избегнете дигестивните тегоби е анасонот.

Анасонот традиционално се користи за отежнетото варење и тегобите како што се мачнините, надуеноста и грчевите во стомакот, кои можат да се јават по обилните оброци, мрсната храна или слатките.

За да подготвите чај од анасон потребно е една лажичка семки од анасон (по можност мелени) да ја прелиете со два децилитри зовриена вода.

Оставете ја да отстои три до пет минути и потоа процедете ја.

Овој чај е најдобро да се конзумира по оборците, два до три пати дневно.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП