25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер јунајтед со минималец го совлада Норич

Манчестер јунајтед со минималец го совлада Норич

Манчестер јунајтед забележа минимална победа на гостувањето во Норич. Претходно од белата точка до победите во ова коло дојдоа Ливерпул, Манчестер сити и Челси.

Единствениот гол го постигна Кристијано Роналдо во 75.минута. Аронс беше во дуел со Португалецот, кој заврши на тревата, а судијата покажа на белата точка.

Португалецот ја презеде одговорноста и погоди за предност на „црвените ѓаволи“.

На крајот, Давид Де Хеа со две одлични интервенции ја одбрани победата на Јунајтед. Шпанецот ги одбрани ударите на Кабак во 77. и 92.минута.

Јунајтед со оваа победа се искачи на петтото место, додека Норич остна на претпоследното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП