ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за ноември 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.11 – 30.11.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.228.817.141 денари и е зголемен за 32,10 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 445.081.429 денари и е намалено во однос на октомври за 22,12 отсто кога изнесувало 571.463.963 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 389.624.484 денари и обврзници во вредност од 55.456.945 денари.

Блок трансакциите во ноември изнесувале 783.735.712 денари и се зголемени за 119,67 отсто во однос на октомври.

Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.590 и е намален за 11,91 отсто во однос на октомври кога изнесувал 1.805.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за ноември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за ноември 2021 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП