19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн ја „депортираше“ Барса во Лига Европа, друштво ќе им прави и...

Баерн ја „депортираше“ Барса во Лига Европа, друштво ќе им прави и „специјалистот“ Севилја!

Баерн Минхен станува „баук“ за Барселона, откако германскиот гигант повторно стигна до победа, овојпат од 3:0 на домашен терен без публика, така „осудувајќи“ го тимот на Чави Ернандез на третото место во групата Е во Лигата на шампионите и европско лето во Лига Европа, каде што друштво ќе им прави и Севилја, откако тие не успеаја да победат во Австрија за место во осминафиналето.

Барселона пропушти шанса да обезбеди место во нокаут фазата уште на претходниот меч против Бенфика, одигрувајќи 0:0 дома, така што им требаше победа на „Алијанц арената“, бидејќи се очекуваше дека Бенфика нема да има проблем со Динамо Киев. И покрај оптимизмот на Чави пред мечот, не се случи „чудо“, туку уште еден пораз во низа од Баварците.

Томас Милер стана само осмиот фудбалер во историјата на ЛШ со 50 гола, кога во 34. минута по асистенцијата на Роберт Левандовски ја смести топката во мрежата, а веќе во 43. минута беше 2:0, откако Лирој Сане постигна фантастичен гол од огромна далечина. Тинејџерот Џамал Мусијала во 62. минута зголеми на 3:0 за крај на било каква надеж на гостите.

Бенфика на домашен терен, не дозволи да им избега шансата за прво осминафинале од 2017 година, и со 2:0 го совлада Динамо Киев, благодарение на головите на Роман Јаремчук (16.) и Жилберто Жуниор (22.).

На Барселона во Лига Европа ќе им се приклучи и шесткратниот шампион од ова натпреварување, шпанските ривали Севилја, откако во групата Г, Салцбург и Лил обезбедија победи кои ги носат во осминафиналето на ЛШ. Севилја, слично како Барса мораше да победи на гостувањето кај Салцбург, но наместо тоа загубија со 1:0. Лил, пак, го обезбеди првото место со 3:1 победа кај Волфсбург.

За последниот, 16. учесник во осминафиналето на ЛШ ќе почекаме до утре, откако мечот Аталанта-Вилјареал во Бергамо беше одложен поради силниот снег во северна Италија. На Аталанта им е доволно реми за второто место во групата, додека Вилјареал мора да победи. Во вториот меч од групата Ф, кој не одлучуваше ништо, Манчестер јунајтед одиграа 1:1 со Јанг бојс, во меч во кој Ралф Рангник реши да им даде шанса на повеќе фудбалери од младинскиот тим на „ѓаволите“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ

Првопласирани во група: Манчестер сити (Анг), Ливерпул (Анг), Ајакс (Хол), Реал Мадрид (Шпа), Баерн Минхен (Гер), Манчестер јунајтед (Анг), Лил (Фра), Јувентус (Ита).

Второпласирани во група: Пари Сен-Жермен (Фра), Атлетико Мадрид (Шпа), Спортинг Лисабон (Пор), Интер (Ита), Бенфика (Пор), Ред бул Салцбург (Авт), Челси (Анг), Вилјареал (Шпа)/Аталанта (Ита).

ВО ЛИГА ЕВРОПА продолжуваат:

Барселона (Шпа), Севилја (Шпа), РБ Лајпциг (Гер), Порто (Пор), Борусија Дортмунд (Гер), Шериф Тираспол (Мол), Зенит Санкт Петерсбург (Рус), Аталанта (Ита)/Вилјареал (Шпа).

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА Е

Баерн Минхен – Барселона 3:0

Бенфика – Динамо Киев 2:0

ГРУПА Ф

Аталанта – Вилјареал одложено

Манчестер јунајтед – Јанг бојс 1:1

ГРУПА Г

Ред бул Салцбург – Севилја 1:0

Волфсбург – Лил 1:3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП