25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСосема новата „Toyota Corolla Cross“ (ФОТО/ВИДЕО)

Сосема новата „Toyota Corolla Cross“ (ФОТО/ВИДЕО)

Целосно новата „Toyota Corolla Cross“ носи просторност, практичност, како и моќниот дизајн на „SUV“ од „C“-сегментот во најпродаваната палета на модели во светот.

Новиот „SUV“ не само што го комплетира семејството на верзии на „Corolla“ – со „Hatchback“, „Touring Sports“ и „Sedan“, туку ја комплетира и линијата на теренци на „Toyota“, која сега им нуди на клиентите најширока палета на европскиот пазар.

Врз основа на „TNGA“ филозофијата на „Toyota“, „Corolla Cross“ ја користи најновата платформа „GA-C“ за подобрување на изгледот, опремата, технологијата и карактеристиките на возењето на возилото.

Силниот, робустен стил на новиот „SUV“ на „Toyota“ е особено прилагоден на европскиот пазар, со уникатна комбинација на фарови и задни светла, предна решетка со двоен трапез, продолжени тридимензионални браници и издолжена урбана „SUV“ кабина.

„Corolla Cross“ е долг 4.460 mm, широк е 1.825 mm, висок е 1.620 mm и има меѓуоскино растојание од 2.640 mm. Сместено помеѓу „Toyota C-HR“ и „RAV4“, во срцето на високо конкурентниот европски пазар на сегментот „C-SUV“, моделот нуди удобност, и разновидност неопходни за активни семејства со мали деца.

Внатрешноста обезбедува извонредна видливост за сите патници, доволно простор за глава и нозете на предните и задните седишта, големи отвори на задните врати, повеќе светлина и чувство на просторност обезбедени од панорамскиот подвижен покрив.

Багажниот простор комбинира лесно достапна, мала висина на подот со широк отвор на вратата, што го прави погоден за товарење големи предмети, како што се колички или велосипеди.

Со најновите литиум-јонски батерии, новиот систем на батерии е помоќен и 40% полесен од порано.

И моќта на електричниот и бензинскиот мотор се подобрени, што резултира со зголемување на вкупната моќност на системот за повеќе од 8%.

Верзијата „FWD“ со 2,0-литарски хибриден погон испорачува 146 kW / 197 ks, обезбедувајќи забрзување од 0 до 100 km/h за само 8,1 секунди.

Верзијата „AWD-i“ има дополнителен, моќен електричен мотор на задната оска кој испорачува импресивни 30,6 kW.

Задниот мотор автоматски се вклучува за да обезбеди подобар контакт со земјата, доверба во возењето и безгрижност, дури и при слаба влечна сила.

Опремен на овој начин, „AWD Corolla Cross“ го има истото ниво на забрзување како и верзијата „FWD“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП