25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалски судија во Србија осуден на 15 месеци затвор

Фудбалски судија во Србија осуден на 15 месеци затвор

Српскиот судија, Срѓан Обрадовиќ е осуден на 15 месеци затвор и доби забрана да работи во фудбалот во наредните 10 години.

Апелација, претпладнево, ја потврди пресудата која на 26.март ја донесе судот во Нови Сад.

Истражните органи покренаа истрага во 2018 година, по натпреварот Спартак-Раднички Ниш (2:0). Двата тима водеа борба за излез на европската сцена, Спартак победи со два гола од пенал.

Токму еден од досудените пенали бил причина Јавното обвинителство да отвори случај. Досудениуот пенал е еден од најкомичните во историјата на српскиот фудбал.

На овој натпревар Обрадовиќ го исклучил Милан Павков.

Во пресудата се вели дека сега осудениот судија ја злоупотребил службената положба и го фаворизирал тимот на Спартак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП