20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти: Не сакам пазар во јануари, може да си замине кој не...

Анчелоти: Не сакам пазар во јануари, може да си замине кој не сака да игра

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека неговиот клуб нема да носи засилувања во јануарскиот преоден рок, иако не ја отфрли можноста некој да си замине од клубот по шпекулациите за „отпадниците“ Еден Азар и Иско.

Реал има одличен старт на сезоната, со прво место во Ла лига по 14 кола, и безбеден пласман во осминафиналето на ЛШ, но се тврдеше дека е можно да се купи некој фудбалер во јануари, со Килијан Мбапе и Антонио Ридигер како главни цели.

„Не ги сакам многу засилувањата во јануари. Ако има фудбалери кои не се среќни, можеме да размислуваме за заминување, но нема да потпишеме со никого. Имаме доволно силен тим за оваа сезона“, вели Анчелоти.

Анчелоти потврди дека Азар се враќа во составот за мечот со Атлетик Билбао во среда, но му посочи дека мора да работи на својата подготвеност.

„Мора да го подобри фитнесот, бидејќи има такви проблеми“, додава Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП