29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Потоп“ на Јуве кај Челси, Барса не ја победи Бенфика и ќе...

„Потоп“ на Јуве кај Челси, Барса не ја победи Бенфика и ќе се „тресе“ во Баварија

Дербито на петтото коло во Лигата на шампионите помеѓу Челси и Јувентус помина во доминација на актуелниот европски шампион, кој стигна до 4:0 победа, додека Барселона не успеа да ја победи Бенфика по ремито без голови во ЛШ дебито на Чави Ернандез и сега ќе патува на гостувањето кај Баерн Минхен по изненадување за пласман во осминафиналето.

На „Стемфорд бриџ“, Челси му се одмазди на Јувентус за поразот во Торино во првиот меч, откако тимот на Томас Тухел стигна до убедлива победа покажувајќи дека е во фантастична форма. Трево Чалоба ја продолжи добрата игра со гол во 25. минута од мечот, по што на почетокот на второто полувреме, „сините“ го направија нокаутот – Рис Џејмс во 56. минута зголеми на 2:0, пред Калам Хадсон-Одои две минути подоцна да даде гол за 3:0, пред во 95. минута, Тимо Вернер да го комплетира колапсот на Јуве. Мечот беше за престиж без резултатски императив, бидејќи двата клуба се веќе во осминафиналето.

Таму уште не е Барселона на Чави Ернандез, и ќе биде многу тешко да се стигне меѓу најдобрите 16 во Европа, откако по ремито без голови на „Ноу Камп“, сега ги чека тешко гостување кај Баерн Минхен во последното коло, додека Бенфика игра дома против Динамо Киев. Иако Барса сега има 7 поени, два повеќе од Бенфика, евентуална победа на португалскиот клуб ќе значи дека Барселона на „Алијанц арената“ ќе мора да победи, бидејќи двата клуба имаат идентична гол разлика од -4.

Во другите групи, вистинска драма имаше во Берн, каде што Јанг бојс и Аталанта одиграа лудо 3:3 реми. Аталанта водеше со 1:2, пред Јанг бојс да се врати за 3:2 водство, за во финишот Луис Муриел во 89. минута да донесе реми со кое Аталанта останува фаворит за второто место. Во последното колоЈанг бојс гостуваат кај Манчестер јунајтед, додека Аталанта го пречекува Вилјареал.

Најнеизвесно е во групата Г, каде што Севилја дома со 2:0 го совлада Волфсбург, а Лил со 1:0 беше подобар од Ред бул Салцбург. Пред последното коло, во кое Волфсбург игра со Лил, а Севилја гостува во Салцбург, Лил е прв со 8 поени, Салцбург се втори со 7, Севилја имаат 6, а Волфсбург 5 поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА Е

Барселона – Бенфика 0:0

ГРУПА Ф

Јанг Бојс – Аталанта 3:3

ГРУПА Г

Севилја – Волфсбург 2:0

Лил – Ред бул Салцбург 1:0

ГРУПА Х

Челси – Јувентус 4:0

Малме – Зенит Санкт Петерсбург 1:1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП