28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНевидена трагедија, меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија се само 17-годишно девојче...

Невидена трагедија, меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија се само 17-годишно девојче и петмина возрасни

Според првичните податоци, 4 автобуси на туристичка компанија од Македонија влегле во Бугарија преку преминот Капитан Андреево. Патувале од Истанбул до Скопје.

Телата се изгорени до непрепознатливост, што ќе го отежне нивното идентификување. Непосредно пред трагичната несреќа автобусите застанале да се одморат на бензинска пумпа. Засега не се знае дали за време на паузата имало префрлувања на патници меѓу автобусите, пренесуваат бугарските медиуми.

„ Ова е човечка трагедија непозната по нејзините размери. Првичните информации и верзии се дека од Истанбул до Скопје влегле четири автобуси. Во овој автобус имало 52 патници, од кои 12 деца. Во „Пирогов“ во моментот се сместени 7 лица, 45 се починати, меѓу нив и 12 деца. Телата беа изгорени до непрепознатливост. До инцидентот патува тим од лекари по судска медицина и од секое тело ќе биде земен примерок за идентификација со ДНК. Првичните информации се дека нема бугарски државјани. Има две верзии: човечка грешка на возачот, а во втората дошло до ненадеен технички дефект“ изјави заменик главниот обвинител Борислав Сарафов.

По трагичната несреќа во Бугарија, во болницата Пирогов во Софија примени се 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Таа нагласи дека тие не се во животна опасност.

Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.

Несреќата се случи на магистралниот пат Струма нешто по 02.00 часот, кај селото Боснек. Автобусот со макеоднски таблици сообраќал во правец на Република Северна Македонија. Возилото во Бугарија влегло од Турција. Малку по полноќ автобусот застанал на бензинска пумпа во близина на Софија, по што продолжил. Несреќата се случила еден час подоцна.

Засега нема потврда дали автобусот прво излетал од патот, а потоа се запалил или најпрво настанал пожар во возилото. Според првичните информации, причината поради која луѓето не можеле да се спасат е тоа што автобусот се превртел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП