19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Тутомеркато“: Елмас го следат Реал и Барселона

„Тутомеркато“: Елмас го следат Реал и Барселона

Елиф Елмас, со два гола, вчера, придонесе во победата на Македонија над Исланд (3:1). Македонија со победата обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Елмас е играч на Наполи, неговите настапи во националниот тим внимателно ги следат медиумите на Апенинскиот полуостров.

„Тутомеркато“, пишува дека Елмас внимателно го следат неколку големи европски клубови, меѓу кои се издвојуваат шпанските великани Реал и Барселона.

„Карло Анчелоти инсистираше на неговиот трансфер во Наполи. Сега Анчелоти е во Реал и клубот внимателно го следи Елмас. Го следат и германски клубови, а тој се наоѓа и на радарот на новиот тренер на Барселона, Чави“, пишува „Тутомеркато“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП