19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија забави во третиот квартал

Британската економија забави во третиот квартал

Активностите во британската економија забавија во третиот квартал, поттикнати од прекините на синџирот на снабдување, недостигот на работна сила и новиот бран на инфекција со Ковид-19, покажаа првите проценки на заводот за статистика „ONS“.

Бруто домашниот производ (БДП) е зголемен за 1,3 отсто во периодот од јули до септември во однос на претходните три месеци, кога беше зголемен за 5,5 отсто во услови на олеснување на ограничувањата за коронавирусот, објави Заводот за статистика.

Така, британската економија забележа најслаб раст во летниот квартал од затворањето на економијата на почетокот на годината, што резултираше со пад на активноста во првиот квартал од 1,4 отсто во споредба со претходните три месеци, покажуваат податоците на „ONS“.

Реалниот БДП и понатаму беше за 2,1 отсто помал во третиот квартал во однос на крајот на 2019-та година, пред избувнувањето на пандемијата со Ковид-19.

Пролетниот бум на економијата по затворањето на почетокот на годината ослабе ова лето поради зголемениот број, проблемите во глобалните синџири на снабдување и недостигот на работници на одредени работни места по Брегзит, вклучително и возачи на камиони.

Во септември, според најновите проценки, БДП-то порасна за 0,6 отсто, објави „ОNS“, преполовувајќи ја проценката за раст во август на 0,2 отсто. Во јули, активноста падна за 0,2 отсто, нешто посилно отколку што покажаа првичните проценки.

Забрзувањето на активноста во септември, статистичарите му го припишуваат на услужниот сектор, кој бележи раст од 0,7 отсто во однос на август, поддржан пред се од посилната активност во секторот здравствени услуги.

„Иако месечната економска активност се опорави во третиот квартал, по падот во јули, тоа веројатно е одраз на временски ограничениот стимул обезбеден од релаксираните ограничувања на коронавирусот“, рече Сурен Тиру, главен економист во Британската стопанска комора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП