28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо и Конте дебело ги наплатиле отказите

Мурињо и Конте дебело ги наплатиле отказите

Роналд Куман пред три недели доби отказ во Барселона. Холанѓанецот влезе во топ-10 листата на која се тренерите на кои клубовите морале да им исплатат обесштетување.

Барселона за отказот што му го врачи на Куман ќе мора да му исплати 11,7 милиони евра.

Најголемо обесштетување добил Антонио Конте кога Роман Абрамович реши да го отпушти. Италијанскиот тренер од Челси доби 30,6 милиони евра. Второто и третото место се резервирани за Жозе Мурињо. Отказите во Челси и Манчестер јунајтед, Португалецот ги наплатил со вкупно 44 милиони евра.

Неверојатно е дека од 2007 до денес, газдата на Челси, Роман Абрамович, на отпуштените тренери им исплатил повеќе од 105 милиони евра.

Топ-10:

1. Антонио Конте (2018, Челси) – 30,6 милиони евра
2. Жозе Мурињо (2018, Манчестер јунајтед) – 22,9
3. Жозе Мурињо (2007, Челси) – 21
4. Лоран Блан (2016, ПСЖ) – 19,8
5. Луис Фелипе Сколари (2009, Челси) – 15,9
6. Фабио Капело (2015, Русија) – 15,9
7. Маурисио Покетино (2019, Тотенхем) – 14,6
8. Андре Вилас-Боаш (2012, Челси) – 14
9. Роберто Ди Матео (2012, Челси) – 12,5
10. Роналд Куман (2021, Барселона) – 11,7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП