24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВерати го продолжи договорот со ПСЖ

Верати го продолжи договорот со ПСЖ

verati

Фудбалерот на италијанскиот национален тим, Марко Верати за уште една година го продолжи договорот со ПСЖ.

Па така Италијанецот ќе остане на „Парк де Принс“ до 2018-та година. 20-годишниот играч беше доведен во редовите на ПСЖ во текот на летото на 2012-та година од Пескара за сума од 11 милиони евра.

Според весникот „L’Equipe“ сега Верати ќе добива 2 милиони евра годишна плата, а во првата година младиот италијански фудбалер добиваше 850.000 евра чиста годишна плата.

Минатата сезона Марко Верати одигра 36 натпревари во дресот на ПСЖ, вклучувајќи и 9 натпревари од Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП