19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШто би правел Оле без него? Роналдо има 9 гола во 896...

Што би правел Оле без него? Роналдо има 9 гола во 896 минути за Јунајтед

Кристијано Роналдо е спасителот на Оле Гунар Солскјер. И тоа неколку пати оваа сезона, како во вторникот навечер во Бергамо, кога само благодарение на неговите два гола, Манчестер јунајтед се спаси од пораз од одличната Аталанта и извлече 2:2 реми кое ги зголемува нивните шанси за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ова беше неверојатен 9 гол за Роналдо во само 11 меча во Премиерлигата и во Лигата на шампионите во дресот на „ѓаволите“, односно за само 896 минути игра.

Иако многумина веруваа дека тој е проблемот на Солскјер во составувањето на тимот, на сите навивачи на Јунајтед им се крева косата на главата од помислата што ќе беше со тимот доколку не се вратеше на „Олд Трафорд“.

„Никога не се предаваме, играме до крај, и ова е добар резултат за нас. Аталанта се силен тим, имаат фантастичен тренер и кога бев во Јувентус дознав колку секогаш е тешко против нив. Имавме малку среќа, но тоа е фудбалот. Уште мораме да се подобриме. Играме со поинаков систем, и мораме да се навикнеме еден на друг. Ќе биде потребно време, но ќе бидеме многу подобри“, изјави оптимистички Португалецот по мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП