19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Турција пронајдени резерви вредни 60 милиони барели нафта

Во Турција пронајдени резерви вредни 60 милиони барели нафта

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез изјави дека, покрај откритијата во Црното Море, оваа година на 26 локации на копно се пронајдени резерви во вредност од 60 милиони барели нафта.

Донмез денеска во Анкара го претстави буџетскиот план на Министерството за 2022 година пред Комитетот за план и буџет на Големото национално собрание на Република Турција.

Зборувајќи за употребата на гас во Турција, Донмез рече дека гасот се користел само во пет градови во Турција во 2000-тите.

„Денес, природен гас се испорачува во сите наши 81 провинција, во 604 области. Бројот на корисници на гас во 2000-тите беше 1,3 милиони, додека денес тој број се искачи на 17,9 милиони. 82 отсто од населението на нашата земја доби можност да користи гас, а во моментов 56 милиони луѓе активно користат гас“, објасни Донмез, јавува Anadolu Agency.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП