19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн понижен во Менхенгладбах со историски пораз во ДФБ купот

Баерн понижен во Менхенгладбах со историски пораз во ДФБ купот

Баерн Минхен го доживеа својот најтежок пораз во германскиот ДФБ куп, откако на „Борусија-Парк“ загубија со неверојатни 5:0 од Борусија Менхенгладбах во апсолутно неверојатен меч.

Стартот беше пеколен за тимот на Јулијан Нагелсман – Куадио Коне уште во втората минута ги донесе „ждребињата“ во водство, по што Алжирецот Рами Бенсебаини во 14. минута повторно го совлада Мануел Ноер. Во 21. минута беше 3:0, откако беше досуден пенал за Борусија, а Бенсебаини беше безмилосен.

Второто полувреме не помина подобро и не се случи некаков камбек на Баварците – Брил Емболо во 51. минута го даде четвртиот гол на мечот, за во 58. минута да додаде уште еден за 5:0.

ДФБ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Баер Леверкузен – Карлсруе 1:2

Бохум – Аугзбург 2:2, 5:4 пен.

Динамо Дрезден – Санкт Паули 2:2, 2:3 по продолженија

Манхајм – Унион Берлин 1:1, 1:3 по продолженија

Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен 5:0

Хановер – Фортуна Диселдорф 3:0

Регензбург – Ханза Рошток 2:2

Штутгарт – Келн 0:2



НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП