19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНевакцинираните тенисери мора да бидат ставени во карантин, порача австралискиот премиер

Невакцинираните тенисери мора да бидат ставени во карантин, порача австралискиот премиер

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека невакцинираните тенисери мора да поминат во задолжителен 15-дневен карантин поради пандемијата од Ковид-19 доколку сакаат да играат на грен слем турнирот „Австралија опен“, објавија медиумите во светот.

„Истите правила важат за сите, без разлика дали се работи за победник на грен слем, премиер, деловен патник, студент или кој било друг“, изјави Морисон.

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ одби да открие дали е вакциниран и пред неколку дена изјави дека можеби нема да игра на турнирот чиј домаќин е Мелбурн, бидејќи ситуацијата е „таква каква што е“.

Претходно, Алекс Хок, австралискиот министер за миграција и мултикултурни прашања, изјави дека Ѓоковиќ мора да прими две дози од вакцината доколку сака да ја одбрани титулата на „Австралија опен“.

Според него, ваквата одлука не се однесува само на тенисерите, туку и на сите луѓе кои сакаат да дојдат во Австралија.

Ѓоковиќ е деветкратен победник на турнирот во Мелбурн, а следното издание на ова натпреварување е закажано од 17 до 30 јануари следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП