29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ ја зголеми предноста пред Медведев, Федерер испадна од Топ 10

Ѓоковиќ ја зголеми предноста пред Медведев, Федерер испадна од Топ 10

Новак Ѓоковиќ ја започна 343 недела на првото место на АТП листата, Србинот ја зголеми предноста пред Данил Медведев на 1.800 поени. Медведев, не ја искористи шансата да го смени Ѓоковиќ на врвот. Елиминацијата на Медведев, во осмина-финалето во Индијан Велс, му овозможи на Ѓоковиќ најмалку до 22.ноември да биде светски број 1.

На АТП листата нема промени на третото и четвртото место, позициите ги држат Стефанос Циципас и Александар Зверев.

Надал и покрај тоа што не игра од јули, напредуваше за едно место, тој на петтото место го мина Андреј Руљов. Седми е Матео Беретини, осми Доминик Тим.

Од Топ 10 испадна Роџер Федерер. На негова сметка напредуваа Капсер Руд и Хуберт Хуркач. Норвежанецот е деветти, а Полјакот десетти на листата.

Најголем скок на листата направи Камерон Нори. Британецот, благодарение на титулата во Индијан Велс, напредуваше за 11 места и сега се наоѓа на 15 место на АТП листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП