19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЛокални избори во Македонија, првпат се гласа со апарати за отпечаток од...

Локални избори во Македонија, првпат се гласа со апарати за отпечаток од прст

Во Македонија се одржуваат седми локални избори од независноста на државата, а за првпат се користат апарати за отпечаток од прст.

Во првиот круг ќе бидат избрани сите Совети и оние кандидати за градоначалници кои добиле мнозинство гласови, доколку на изборите излегле една третина од избирачите.

За градоначалници на 80 општини плус Град Скопје се борат 299 кандидати, а поднесени се 572 советнички листи. За 1347 советници во локалните самоуправи се кандидирани 10.831 кандидати. Право на глас имаат 1.824.864 лица.

Вчера гласаа припадниците на Армијата, старите и изнемоштени лица и притворениците и затворениците. Вчера гласаа и лицата позитивни на ковид-19 и тие што се во самоизолација, на тој начин што нив ги посетуваа тимови составени од медицински лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП