25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбјавувањето на резервите го поддржа профитот на „Wells Fargo“

Објавувањето на резервите го поддржа профитот на „Wells Fargo“

„Wells Fargo & Co“, четвртата по големина банка во Соединетите држави, во четвртокот го зголеми профитот во третиот квартал над очекувањата на пазарот. Банката издаде средства резервирани во случај на влошени заеми поради пандемијата и ги ограничи трошоците поврзани со долгогодишниот скандал со нерегулирана продажба.

Од 2018-та година, банката работи според налози одобрени од Федералните резерви и два други американски финансиски регулатори за подобрување на управувањето и надзорот. ФЕД исто така и ги ограничи средства на 1,95 трилиони долари.

Кредиторот, кој плати повеќе од 5 милијарди долари во граѓански и кривични казни, објави удар од 250 милиони долари, откако американскиот висок банкарски регулатор го казни за недостатоци во претходните напори на банката да ги исплати своите клиенти, кои претходно ги оштети.

Севкупно, расходите без камати се намалија на 13,3 милијарди долари од 15,23 милијарди долари во претходната година.

Директорите на банката постојано сигнализираа дека најлошото од скандалот стои зад нив. Извршниот директор Чарли Шарф направи камен-темелник за заштеди на неговиот план за реструктуирање, со долгорочна заштеда од 10 милијарди долари годишно.

Сепак, сѐ уште има проблеми. Федерален судија претходно овој месец го отфрли барањето на банката да ја отфрли тужбата во која се тврди дека „Wells Fargo“ ги довел во заблуда акционерите за нејзината способност да се опорави од скандалите.

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, минатиот месец изјави дека ограничувањето на средствата на банката ќе остане се додека проблемите не се решат целосно.

Просечните заеми на „Wells Fargo“ паднаа на 854 милиони американски долари во кварталот од 931,7 милиони американски долари во претходната година. Послабата побарувачка за заеми, заедно со ниските каматни стапки, го поткопаа и нето приходот од камати, кој се намали за 5% на годишна основа.

„Wells Fargo“ има помалку пари за да го ублажи падот на ниските каматни стапки, бидејќи банката нема толку активност на пазарите на капитал како нејзините конкуренти.

Заемодавачот објави пад од 1,7 милијарди долари од резервите кои се резервирани за загуби од заеми во текот на кварталот.

Тоа помогна нето приходот да порасне на 5,12 милијарди долари, или 1,17 долари по акција, во кварталот до 30-ти септември, од 3,22 милијарди долари, или 70 центи по акција, пред една година.

Според проценките на „Refintiv“, профитот на „Wells Fargo“ без еднократни ефекти изнесуваше 1,22 американски долари по акција, во споредба со консензусната проценка од 99 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП