понеделник, јануари 17, 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на книгата „ЈАВНИОТ ДОЛГ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ од авторот м-р Михаил...

Промоција на книгата „ЈАВНИОТ ДОЛГ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ од авторот м-р Михаил Огненовски

Во време на општа изолација, културна стагнација и духовно осиромашување, на репрезентативен начин на задоволство на јавноста, на 29 септември се одржа промоцијата на научниот труд „ЈАВНИОТ ДОЛГ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: трендови, состојби и значење за економскиот раст и развој на Република Македонија“ од авторот м-р Михаил Огненовски.

Научниот труд е во издание на Матица Македонска, со главен уредник Раде Силјан, уредник Антонио Павловски, рецезент Александар Кржаловски (Директор на МЦМС), лектор Силвана Андонова Иванова.

Изданието финансиски е поддржано од Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС и компанијата Техноклима ДОО – Скопје.

Трудот е доработка од магистерската теза на Михаил, која е изработена во менторство на проф. д-р Томе Неновски (ректор на УАКС) и членови на комисијата проф. д-р Евица Делова Јолевска и проф. д-р Марко Андонов.

Михаил Огненовски е магистер по финансии и банкарство. Средното образование го завршува во гимназијата „Јосип Броз Тито – Битола“, математичка насока (А).
Високото образование го започнува на Факултетот за деловна економија и организациони науки, на Универзитетот Американ колеџ во Скопје, каде и магистрира.

Анализирајќи ги трендовите во овој период (2002-2016), Огненовски препорачува одржливо и одговорно управување со јавниот долг бидејќи високото ниво на јавен долг негативно влијае врз економијата и ја дестимулира економската активност, зголемувајќи ја веројатноста од појава на должничка криза.

„За земјите во развој се препорачува поставување ниски лимити со оглед на нивната висока чувствителност на шокови и можноста од појава на кризи. Позитивните ефекти од фискалниот стумул почнуваат да се губат кога долгот ќе го надмине нивото од 50-60 проценти од БДП, па оттука и нивото на долгот што се движи до тие граници може да се смета за неризично и прифатливо ниво“, смета Огненовски во својата анализа.

„За да биде одржлив долгот не смее да расте побрзо од растот на доходот и останатите агрегати значајни за неговото редовно сервисирање. Државата мора да остане способна редовно да ги сервисира обврските кон долгот без потреба од реструктуирање, повторно преговарање на условите на долгот или во крајна линија прогласување на банкрот на долгот, но и без поголеми фискални прилагодувања за тој да се задржи на одржливо ниво“, анализира Огненовски во неговиот научен труд.

Промоцијата се одржа во главното фоаје на хотел Александар Палас.
Промотор беше г-дин Александар Кржаловски, Директор на МЦМС. 

Во неформалниот дел од настанот имаше презентација и дегустација на вина од Шато Сопот Винарија. 
Амбиентот го збогати дуото Сандра Крстевска – виолина и Александра Јаневска – виолончело, а топло добредојде посакуваа хостеси од модното студио Црнокрак. Моментите на настанот ги забележаа професионалните фотографи од Баба 3Д студио.

Трудот е достапен во книжарите на Матица Македонска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ НЕ

91,751фановиЗаследи
2,158следбенициЗаследи
1,420следбенициЗаследи