23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги ублажува ковид-мерките: Рестораните, кината, театрите ќе работат со полн капацитет

Грција ги ублажува ковид-мерките: Рестораните, кината, театрите ќе работат со полн капацитет

Рестораните, кината и театрите во Грција ќе работат со полн капацитет од сабота, објави денеска порталот Катимерини, повикувајќи се на извори од грчката влада.

Само луѓето кои се ревакцинирани против Ковид-19 ќе можат да влегуваат во рестораните, а се очекува владата денеска да издаде соопштение за да ги појасни правилата за рестораните.

Другите мерки што ќе стапат на сила ќе значат крај на строгите антиковид мерки во области каде што присуството на коронавирус е високо, но според грчките медиуми ќе следи и понатамошно ублажување на здравствените мерки во кафулињата и ноќните клубови само за ревакцинираните.

Во областите на Грција каде што беше воведен полицискиот час и забраната за музика преку ноќ, исто така следеше ублажување на мерките така што граѓаните од тие места, вакцинирани или не, ќе треба да носат само маски и да држат социјална дистанца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП