25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗошто 6 тимови од Премиерлига имаат сопственици од САД?

Зошто 6 тимови од Премиерлига имаат сопственици од САД?

old trafford

Шест од 20-те тимови во англиската Премиер лига се во сопственост на Американци. По Арсенал, Астон Вила, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Сандерленд, неодамна и Фулам доби сопственикот од странство.

Новиот шеф на тимот од Лондон, Шахид Кан плати близу 300 милиони долари за да се здобие со контрола над Фулам. Но што е тоа што ги привлекува луѓето како Стен Кронке (Арсенал), фамилијата Глејзер (Манчестер Јунајтед) и Џон Хенри (Ливерпул)?

На прво место е можноста на тимовите да генерираат вселенски суми од телевизиските права. Се очекува оваа година екипите во најсилната Англиска лига да поделат 2,6 милијарди долари приходи од емитувањето на средбите.

Зголемениот интерес од страна на гледачите во САД кон фудбалот, неодамна го поттикна „NBC“ да плати 250 милиони долари за следните три години. Според последните податоци бројот на лица кои тренираaт фудбал во САД се зголемил до 24 милиони, наспроти само 100 илјади во 1967-та година.

Милионите фанови на најдобрите тимови во Англија, остваруваат неверојатна продажба од предмети кои пак им носат астрономски профити на сопствениците. Во последните три години Манчестер Јунајтед оствари профит од над 150 милиони долари, а да се потсетиме дека семејството Глејзер ги купија „црвените ѓаволи“ во 2005-та година за околу 1,2 милијарди долари.

Неодамна катарски и арапски бизнисмени им понудија 2,5 – 3 милијарди долари на Глејзер и 1.2 – 1.3 милијарди долари на Стен Кронке за да ги купат нивните тимови, но беа одбиени.

Ништо чудно, при сегашните добивки и перпективи, наскоро да видиме и нова промена на сопственоста во Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП