ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска започна грејната сезона

Од денеска започна грејната сезона

Од утрово започна испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје.

„Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

Инаку, оваа година грејната сезона започна пред официјалниот старт на грејната сезона – 15 октомври, поради пониските просечни дневни температури

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП