ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за септември 2021

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за септември 2021

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.09 – 30.09.2021 година вкупниот промет изнесува 615.657.953 денари и е намален за 78,01 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 503.426.341 денари и е намалено во однос на август за 27,71 отсто кога изнесувало 696.376.220 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 430.550.084 денари и обврзници во вредност од 72.876.257 денари.

Блок трансакциите во септември изнесувале 74.210.068 денари и се намалени за 96,46 отсто во однос на август.

Бројот на трансакции во септември изнесувал 2.105 и е зголемен за 3,29 отсто во однос на август кога изнесувал 2.038.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за септември се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за септември 2021 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП