19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона најавува два големи трансфери

Барселона најавува два големи трансфери

Барселона се подготвува за зимскиот преоден рок. Почетокот на сезоната им покажа на сите во клубот дека со овој ростер не можат да се надеваат на успешни резултати.

„АС“ пишува дека претседателот Џоан Лапорта има намера да го засили тимот со двајца фудбалери. Барселона ќе се обиде да ги донесе Рахим Стерлинг и Дани Олмо. Лошата финансиска ситуација може да биде проблем за реалзиацијата на овие трансфери.

Според овој извор, Барселона ќе се обиде да ги донесе овие фудбалери на позајмица, а по завршувањето на сезоната да преговара за откуп на нивните договори.

Стерлинг има договор со Манчестер сити до 2023 година, но оваа сезона не игра многу. Доаѓањето на Џек Грилиш влијаеше врз неговиот статус во тимот.

Олмо е играч на Лајпциг со откупна клаузула од 75 милиони евра. Тој е дете на Барселона и според некои медиуми има голема желба да се врати во клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП