19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАЗапочнува новата академска година

Започнува новата академска година

Прв академски час ќе се одржи денеска на факултетите во државава, со што ќе се означи почетокот на новата академска 2021/22 година.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како што е најавено, ќе има видео обраќање на првиот академски час.

Тој симболично со порака ќе им се обрати на сите новозапишани студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По повод почетокот на новата академска 2021/2022 година, прв академски час и свеченост ќе се одржи на платото на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. На свеченоста свое обраќање ќе има проректорот на УКЛО, проф. д-р Марјан Ѓуровски и деканот на Правниот факултет проф. д-р Горан Илиќ. На прво рангираните ново примени студенти ќе им бидат доделени индексите.

Проректорот Ѓуровски на брушоците на УКЛО ќе им посака успешна академска година, потсетувајќи ги дека започнуваат еден нов степен на едукација низ кои што ќе ги градат специфичните знаења, ќе се изградуваат како личности и ќе стекнуваат нови, интересни искуства, пријателства и контакти што многу ќе им значат во животот.

Ректоратот на Универзитетот ќе биде постојат партнер и сојузник на студентите во натамошниот нивен предизвик и студирање, ќе нагласи проректорот Ѓуровски пред новите студенти најавувајќи повеќе проекти кои се реализираат во функција на студентите – како борба против корупцијата и судир на интереси, студентскиот правобранител и др.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП