25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо вечерва станува „Господин – Лига на шампионите“

Роналдо вечерва станува „Господин – Лига на шампионите“

Норвешкиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер доколку се реши вечерва на мечот на Јунајтед на „Олд Трафорд“ против Вилјареал во составот да го вклучи португалскиот ас, Кристијано Роналдо (36) тоа за еден од најдобрите светски фудбалери ќе значи дека ќе стане „Мистер Чемпионс“ – господин Лига на шампиони.

На Роналдо му недостасува уште еден настап за да биде фудбалерот со најмногу настапи во историјата на Лигата на шампионите.

Во моментов тој го дели врвот со „пензионираниот“ голман Икер Касилјас, со по 177 меча во ЛШ, а вечерва Португалецот во Манчестер може да избие сам на првата позиција.

Меѓу најдобрите петмина во оваа статистичка категорија се уште и Чави Ернандес (157 настапи), Лионел Меси (149) и Раул Гонзалес (142).

Кристијано Роналдо е рекордер и по бројот на погодоци – има 135 гола во елитното друштво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП