28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАСЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот намален за 10 проценти

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот намален за 10 проценти

Повеќе од 3,3 милиони нови случаи на коронавирус и над 55. 000 смртни случаи беа регистрирани ширум светот минатата недела, објави Светската здравствена организација (СЗО) во својот неделен билтен објавен рано утрово во Женева.

Според оваа организација, бројот на нови случаи и смртни случаи од коронавирус во светот се намалил за 10% во текот на минатата недела.

Минатата недела, инциденцата на нови случаи падна во Источниот Медитеран за 17 проценти, Западниот Пацифик за 15 проценти, Јужна и Северна Америка за 14 проценти, Африка за 12 проценти и Југоисточна Азија за 10 проценти.

Во исто време, бројот на случаи во Европа остана на исто ниво како и во претходниот седумдневен период, велат од СЗО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП