24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилијардите од Дубаи експресно ќе ја спасат Барселона

Милијардите од Дубаи експресно ќе ја спасат Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона од неименувана компанија, од Дубаи, добил понуда за позајмица од 1,5 милијарди евра, објави „8ТВ“. Доколку ја прифати понудата, Барселона ќе ја врати ликвидноста.

Според овој извор, Барселона добила неверојатни услови, ниска камата, чии точен износ не е објавен и долг мораториум, од две до 12 години, за почетокот на враќањето на долгот.

Долгот на Барселона изнесува 1,35 милијарди евра. Клубот не може нормално да функционира, поради што легендата на Лионел Меси мораше да го напушти клубот.

„8ТВ“, тврди дека парите би легнале на сметката на Барселона, веднаш, односно доколку челниците ја прифатат понудата. По ова сценарио, Барселона, би можеле да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Предлогот го разгледувале претседателот Џоан Лапорта, потпретседателот Едуар Ромеу, кој во клубот го води и финансискиот сектор и извршниот претседател, Феран Ревертер.

Овие тројца ги проучувале деталите од понудата и тие треба да решат дали таа ќе биде прифатена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП