23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола: Не знам како да ги сопрам Меси, Мбапе и Нејмар

Гвардиола: Не знам како да ги сопрам Меси, Мбапе и Нејмар

Пеп Гвардиола вели дека не знае како да ги сопре Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар подготвувајќи се за гостувањето на Манчестер сити кај Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите во вторник.

Пред дуелот на можеби најбогатите светски фудбалски клубови, Гвардиола знае дека нападот на неговиот ривал Маурисио Почетино е неверојатен.

„Не знам. Таков квалитет, искрено е знам што треба да направиме за да ги сопреме. Тие се толку добри. Количината на талент заедно е тешко да се контролира“, вели Гвардиола.

Гвардиола добро го познава Меси, откако работеше со него заедно во Барселона, но неговиот нов пулен уште нема постигнато гол за овиот тим.

„ПСЖ многу години имаше исклучителни фудбалери и врвни менаџери. Знаеме колку е тешко во Европа и знаеме дека повторно ќе се обидат да стигнат до титулата. Фудбалер како Меси зборува за амбициите и не мора да го опишувам“, додава Гвардиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП