24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКорне: Поради Ѓоковиќ, многу тенисери почнаа да медитираат

Корне: Поради Ѓоковиќ, многу тенисери почнаа да медитираат

Француската тенисерка Ализе Корне неодамна ја објави својата автобиографија, во која имаше интересен осврт на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, и како тој ѝ помогнал во кариерата на необичен начин.

34-годишниот српски тенисер, слично како неговите вечни ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, посветува огромно внимание на своето физичко здравје и форма, но за разлика од нив, тој практикува и поинакви методи. Корне објаснува една од овие методи.

„Кога слушнав дека Новак Ѓоковиќ неколкупати ја споменува медитацијата, си кажав можеби е време и јас да пробам. Секогаш сум ја имала таа страна на карактерот, пишував дневник од мојата осма година и пишував поезија. Медитацијата ти помага да се опуштиш, да ги надминеш тешките моменти што ги има во животот на секој спортист. И не сум единствената што се обиде со медитацијата по коментарите на Новак“, пишува Корне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП