26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е обновениот „Ford Expedition“ за следната година (ВИДЕО)

Ова е обновениот „Ford Expedition“ за следната година (ВИДЕО)

„Ford“ ја обнови тековната четврта генерација на моделот „Expedition“ за 2022-ра година, а на понудата е додадена и верзија „Timberline“.

„Expedition Timberline“ е верзија ориентирана кон теренот, така што, меѓу другото, има зголемено растојание од подот, подобрени агли на приод и поаѓање, заштитни елементи, гуми за сите терени „Goodyear Wrangler AT“, нова маска од саќе и портокалови детали.

Моторот е 3.5-литарски „EcoBoost V6“ со 440 ks и 692 Nm вртежен момент.

За моделот 2022-ра година, подготвен е и „Stealth Edition Performance Package“, поспортска верзија со поагресивен стил (црни сјајни детали, црни алуминиумски фелни од 22 инчи, црвени сопирачки), модифицирана суспензија и мотор со 440 ks.

„Ford Expedition“ за 2022-ра година, исто така, го добива автономниот систем за возење автопат „BlueCruise“ на „Ford“, како и инфозабавниот систем „SYNC 4“ со 12,0-инчен екран (достапен е и „SYNC“ со 15,5-инчен екран). Обновениот „Ford Expedition“ ќе биде достапен на пазарот од првиот квартал на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП