29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајсон: Ги тепав децата на улица, а потоа и нивните татковци кога...

Тајсон: Ги тепав децата на улица, а потоа и нивните татковци кога се жалеа

Мајк Тајсон беше еден од „најстрашните“ боксери во историјата, со неверојатна бруталност во рингот и со ривали кои се „тресеа“ пред да вкрстат ракавици со него. Сепак, таа „машина“ беше создадена во несреќно и тешко детство.

Поранешниот светски шампион во интервју открива дека тепачките кога бил дете го зголемиле неговиот интерес за спортот.

„Имав три-четири улични тепачки секој ден. Од мојата деветта година. Кога имав 12 години имав речиси 100 килограми. Прво ќе го истепав детето на улица, а потоа кога таткото ќе дојдеше да ме научи лекција, се тепав и со него. Сите плачеа, си одеа дома по својот татко“, вели Тајсон.

До својата 13. година, растејќи во Бруклин, Њујорк, Тајсон бил уапсен неверојатни 38 пати.

„Порано Бруклин беше убав. Но, потоа местото стануваше помрачно и се случуваа работи кои се невозможни. Сите во моето семејство беа умни, знаеја да читаат да пишуваат, но јас не го знаев тоа. Јас бев тој кој сум. Ги гледав луѓето кои стоеа на улицата и никој не се шегуваше со нив. Сакав да бидам таков, уличен човек“, додава Тајсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП