петок, јануари 28, 2022
ПочетнаКОРОНАЕкспертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на вакцина на „Фајзер“ за мнозинството Американци.

Независните експерти собрани од Администрацијата за храна и лекови гласаа со 16 гласови „за“ и 12 „против“, а членовите изразија незадоволство што „Фајзер“ не обезбеди доволно податоци за безбедноста на дополнителните дози, објави Гласот на Америка.

Според медиумите, ова нанело удар врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, која се обидува да ја зајакне заштитата на граѓаните од многу заразниот делта-сој на вирусот.

И водачите на ФДУ и советодавниот одбор, што, според Гласот на Америка, е невообичаено, посочиле дека се подготвени уште еднаш да гласаат дали да препорачаат дополнителни дози на постарите Американци или други групи со поголем ризик од болести.

Расправата според извештаите на тамошните медиуми траела неколку часа.

Членовите на комисијата, исто така, се пожалиле дека податоците дадени од израелските истражувачи за третата доза можеби не се соодветни за да се предвиди ситуацијата и во Соединетите Американски Држави.

Научниците биле поделени во врска со потребата за дополнителни дози на вакцината и за тоа кој треба да ја прими, а Светската здравствена организација силно се противи богатите нации да им даваат трета доза на нивните жители, додека сиромашните земји немаат доволно вакцини за прва доза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП