19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНа Фарските Острови масакр на речиси 1.500 делфини(ВИДЕО)

На Фарските Острови масакр на речиси 1.500 делфини(ВИДЕО)

Дури и најупорните бранители на традиционалниот лов на китови и делфини денеска го осудија суровиот и непотребен масакр врз речиси 1.500 делфини во близина на Фарските Острови.

Според „Гардијан“, делфините претходно биле принудени да испливаат во плитките води на плажата Скалаботнур на островот Ејстурој, каде што безуспешно се обидувале да се спасат пред да ги убијат.

1428 dupina ubijeno u jednom danu

Групата „Си Шепард“, која со години се бори против ловот на китови, тврди дека неодамна завршениот лов е најголемиот поединечен масакр на делфини и китови во историјата на Фарските Острови.

Се наведува дека повеќе животни биле убиени во еден ден отколку во текот на целата сезона во озлогласениот залив Таиџи во Јапонија.

Дури и жителите на Фарските Острови, од кои повеќето го гледаат ловот како дел од нивното културно наследство, изразија одвратност.

„Мака ми е кога гледам вакво нешто“, напиша еден од жителите на островот на фејсбук-страницата на локална телевизија, а друг го нарече масакрот страшен и посочи дека поради овој обичај се срами што е жител на Фарските Острови.

Хари Петерсен, кој претседава со локалното здружение за лов во заливи, рече дека премногу делфини биле насочени и принудени кон плажата, како и дека имало премалку луѓе на плажата, кои желно чекале да ги убијат, но поради малобројноста, тоа го правеле бавно.

Петерсен додаде дека е згрозен од она што се случило.

„Вџашен сум од она што се случи. Делфините долго се мачеа и прпелкаа во плитката вода пред да бидат убиени“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП