20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСолзите на Ѓоковиќ го обиколија светот

Солзите на Ѓоковиќ го обиколија светот

Новак Ѓоковиќ не успеа да го комплетира календарскиот гренд слем. Финалето на Ју-ес опен, му припадна на подобриот тенисер, Данил Медведев, кој во третото гренд слем финале, успеа да го освои првиот трофеј.

Ѓоковиќ во солзи го заврши мечот, емоциите го преплавија на доделувањето на трофеите, а во солзи ја напуштил прес конференцијата за српските медиуми, одржана по мечот.

„Чувствувам олеснување…Притисокот и очекувањата беа огромни, пред и за време на овој турнир. Се трудев да останам во моментот, да се концентрирам на наредниот чекор, сепак целиот тој процес е исцрпувачки. Чувствувам тага и разочарување, испуштив голема шанса. Не е лесно да се поднесе ваков пораз. Од друга страна, енергијата, љубовта и поддршката која ја добив од публиката е нешто што засекогаш ќе го паметам. Навистина ми го наполнија срцето со емоции. Заплакав пред последниот гем, бидејќи емоцијата беше единствена. Никогаш, овде во Њујорк не сум доживеал нешто такво. Ми се собра се она што го доживував овде во претходните години, во големите мечеви…Чувствувам дека не заслужив третман каков што често добивав. Крајот не е совршен, но морам да бидам задоволен поради се што направив. Успешна година е ова, три гренд слем титули и едно финале. Секако дека поразот ме боли, човек сум, имам емоции, но секогаш се потсетувам себе си колкава среќа има во животот – Бог и ангелите ме поддржуваа низ годините, вечно сум им благодарен“.

Ѓоковиќ порачал дека и во 35 година од животот има простор за напредок во неговата игра и дека е свесен за заканата која доаѓа од младите играчи.

„Мора да се напредува. Без тренинг, на теренот и надвор од него нема резултати. Како времето одминува, на нас постарите ни е потешко да останеме на врвот и да бидеме кандидати за освојување на гренд слемови. Свесен сум за ова, но тоа не ме загрижува, тоа е природен циклус. Не чувствувам дека сум старт, дека сум истрошен. Секако, животот е поинаков, бидејќи сум сопруг и татко, кога ќе се погледне целата слика имам други приоритети. Би сакал повеќе време да поминувам со моите деца, тоа си го ветив…Отсуството ме боли…Се извинувам“, по ова Ѓоковиќ се расплакал и ја напуштил прес салата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП