20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлатан: Јас сум најдобриот на светот, на исто ниво со Роналдо и...

Златан: Јас сум најдобриот на светот, на исто ниво со Роналдо и Меси

Златан Ибрахимовиќ вели дека не чувствува дека е „помал“ фудбалер од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, повторувајќи дека за него, тој е најдобриот фудбалер на светот.

Ветеранот на Милан, иако има 39 години, продолжува со кариерата по 22 години во фудбалот и фудбал во седум земји, но не беше ривал на Меси и Роналдо кои доминираа во изборот за „Златната топка“. Златан вели дека тоа не го фрла во сенка неговото остварување.

„Ако зборуваме за квалитетите, немам ништо помалку од нив. Ако ги погледнете трофеите, тогаш да, не ја освоив Лигата на шампионите. Но, како се смета тоа кој е најдобар? Не сум опседнат со тоа, бидејќи кога правиш добри работи колективно, индивидуалното се покажува. Дали ми фали ‘Златната топка’? Не, јас и недостасувам на ‘Златната топка’. Длабоко во себе мислам дека сум најдобриот на светот и не сакам да се споредувам. Секој играл во својата генерација, со различни соиграчи. Секој има своја приказна“, вели Ибрахимовиќ во интервју за „Франс фудбал“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП