29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМатлиески: Преку индивидуален и колективен напредок до посакуваната цел

Матлиески: Преку индивидуален и колективен напредок до посакуваната цел

По денешната ждрепка и добивањето на групата и распоредот во првата македонска ракометна лига со свој коментар излезе и првиот тренер на ракометниот клуб Голден Арт, Никола Матлиески:

“Имаме многу нови играчи оваа година во тимот и сигурно дека ќе ни биде потребно време за вооигрување, но според она што го гледам во моментов во иднина ќе бидеме се подобри и подобри. Имаме екипа која е спој на младост и искуство, а целта наша оваа година секој играч индивидуално и целиот колектив од ден на ден да биде подобар и што е најважно да создадеме почва секој поединец да го даде својот максимум со секој противник, без разлика на квалитетот на истиот. Секако дека како клуб сакаме да играме во најелитното натпреварување, но како плод на квалитетна работа и напредок на сите во клубот, а за таа цел треба да бидеме конкурентни со сите екипи во лигата”.

По денешната ждрепка Голден Арт се најде во групата “Б” заедно со екипите на РК Јуниор КВ, РК Астарион Хандбал, РК Аеродром, МРК Куманово, РК Кичево 2020, РК Текстилен, РК Македонија ЃП, РК Металург РА и РК Алкалоид.

Стартот на првенството е закажан за викендот 18/19 Септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП