19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГотвачот на Роналдо: За своето тело се грижи како да е Ферари!

Готвачот на Роналдо: За своето тело се грижи како да е Ферари!

Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо има 36 години, но неговиот изглед не ги открива годините.

Португалскиот фудбалер е во сјајна физичка форма, а реши да се врати во Манчестер Јунајтед и тоа барем уште две години.

За него зборуваше италијанскиот готвач Џорџио Бароне кој дојде во Торино со Португалецот, додека овој беше член на Јувентус.

„За своето тело се грижи како да е Ферари! Се храни здраво, органски и со природна храна. Риба, пилешко, јајца. Говедско, авокадо и црн ориз. Не недостасува ниту зеленчук, салати, морски плодови. Најголемата тајна во исхраната на Роналдо е специјалното кокосово масло. Храната му ја готвев со него. Важно е да се пие многу прочистена вода. Неговиот план е напорен тренинг и добра храна, но и одморот е многу важен“, порача италијанскиот готвач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП