24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се талибанските правила за жените кои планираат да одат на факултет

Ова се талибанските правила за жените кои планираат да одат на факултет

Студентките од Афганистан ќе треба да носат црни абаја (фустани) со никаб што ги покрива нивните лица и ќе посетуваат часови во училници само за женски, според одредбата издадена од новиот талибански режим, пред повторното отворање на приватните универзитети во земјата.

Студентките кои посетуваат приватни универзитети ќе мора да ги напуштат училниците пет минути пред нивните колеги мажи и да чекаат во чекалните додека тие не ги напуштат училниците, се вели во указот издаден од Министерството за високо образование.

Талибанците велат дека универзитетите ќе мора да најдат професорки за да ги учат студентките или ќе им биде дозволено да ангажираат „постари професори мажи“ чии морални принципи се тестирани, се вели во декретот.

Кога Талибанците првпат дојдоа на власт, помеѓу 1996 и 2001 година, студирањето беше забрането за скоро сите девојки. Беше задолжително да се носи бурка, која целосно ја покриваше главата, лицето и телото, а мрежата ги покриваше очите на жената.

Абаја, која ќе треба да ја носат студентките на приватните универзитети, е широк и долг фустан што го покрива телото. Никаб го покрива лицето и ги остава очите отворени.

Меѓународната заедница со нетрпение го очекуваше одговорот на Талибанците за правата на жените. Луѓето од Авганистан, како и меѓународната заедница, сеуште живо се сеќаваат на бруталноста на исламистичкото движење, кое се обидува да покаже поумерено лице од враќањето на власт.

Кога станува збор за одделни предавања за девојчиња и момчиња, ќе биде комплицирано да се организираат од практична гледна точка.

„Имено, немаме доволно професори или доволно сали за предавања за да ги разделиме девојчињата од младите мажи“, изјави за АФП универзитетски професор кој сакаше да остане анонимен. Сепак, тој додава дека „фактот што на девојчињата им е дозволено да посетуваат настава и да одат на предавања на колеџ, само по себе е доста значаен и позитивен“.

Пред враќањето на талибанците на власт, студентките од Авганистан можеа да посетуваат часови во мешано одделение и да посетуваат предавања одржани од професори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП