28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБеретини: Навивач сум на Федерер, но бројките велат дека Новак е Г.О.А.Т

Беретини: Навивач сум на Федерер, но бројките велат дека Новак е Г.О.А.Т

Италијанскиот тенисер, Матео Беретини, се вклучи дебатата кој е најдобриот на сите времиња (Г.О.А.Т).

Беретини не крие дека е голем навивач на Роџер Федерер, но истакнува дека титулата „најдобра во историјата“, му припаѓа на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, во Њујорк, се обидува да освои календарски гренд слем.

„Дебатата е интензивна, но бројките велат дека Ѓоковиќ е најдобриот на сите времиња. Меѓутоа тука не се работи само за рекорди, тука се работи и за емоции. Новак сигурно е еден од најголемите“, рекол Беретини и дополнил.

„Никогаш не сум криел дека навивам за Федерер. Навива за него кога бев дете, навивам и сега. Убавината на оваа ера е во тоа што Ѓоковиќ, Федерер и Надал се толку различни и што поседуваат неверојатни квалитети“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП