28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦвета Кактус-мафијата: Криминал „тежок“ МИЛИЈАРДИ

Цвета Кактус-мафијата: Криминал „тежок“ МИЛИЈАРДИ

Малку бизарно, како побарувачката за рог од носорог, што значи смрт на животното, во ерата на социјалните мрежи, интересот за егзотични растенија расте.

Исто како и животните, и тие можат да исчезнат. Ретките сукуленти се особено барани, пренесува Дојче Веле.

Поретко, поскапо

Во Јужна Африка може да се најдат речиси една третина од сите познати видови сукуленти, растенија кои не бараат многу грижа и вода, како што се кактусите.

Повеќето од нив се на листата на загрозени видови и нивната продажба е забранета. Со помош на социјалните мрежи, трговијата со забранети растенија достигна криминални размери, нешто слично на трговијата со рогови од носорог, вели Питер ван Вајк, ботаничар кој соработува со Јужноафриканскиот институт за биодиверзитет.

Колку повеќе е загрозено растението, толку е поголема побарувачката, а со тоа и цената е поголема.

„Во меѓувреме се нудат 1.700 евра за билка која чинеше едно евро пред неколку години“, вели биологот.

Сукулентите често се оптички атрактивни растенија и привлекуваат купувачи особено во Европа и Северна Америка, но и во Азија.

Засекогаш изгубени

Продажбата на ретки сукуленти не расте само во Јужна Африка, туку и во други делови на светот.

Во Чиле, постои трговија со особено ретки кактуси. „Годишно, со оваа трговија се префрлаат помеѓу 5 и 23 милијарди долари“, тврди ботаничарот Пабло Гереро од Универзитетот во Консепсион.

Видовите што растат само во одредени области се особено привлечни за колекционерите. Минатата година, во Анкона, Италија, беше откриена пратка од околу илјада кактуси од пустината Атакама, кои беа продадени по цена од две до пет илјади долари по парче.

Во пустината Атакама, има речиси поретки видови кактуси од семејството копиапо. Мексико се бори со сличен проблем, а во Јужна Африка, експертите веќе гледаат неповратно заминување на многу видови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП