
Овен (21.03 – 20.04)
Денот е поволен за романтичните парови, оние кои се внимателни и одговорни. Успешно ја решавате сложувалката на работното место. Вашето ментално здравје ќе зајакне, а вие ќе чувствувате силна енергија.

Бик (21.04 – 21.05)
Обидете се понекогаш да го послушате партнерот. Ќе имате добри идеи за излез од кризата, а ќе се појават и некои пари кои ќе ви ги затнат долговите. Тргнете се настрана од непријатни и опсани луѓе кои ви предизвикуваат немир и стрес.

Близнаци (22.05 – 22.06)
Љубовните проблеми и несогласувања ќе ви го угушат овој ден. Денот нема да ви биде поволен ниту за работата. Денес завртете се кон вежбањето и на тој начин исфрлете ја негативната енергија.

Рак (22.06 – 22.07)
Можете целосно да бидете задоволни и спокојни. Денес малку од вложениот труд и енергија ќе ви донесе некој денар, можеби не многу, но доволно да ве мотивира. Внесувајте повеќе овошје и зеленчук.

Лав (23.07 – 22.08)
Ќе имате добри контакти со лицата кои не живеат блиску до вас. Ќе слушнете некои убави вести од нив, па цел ден ќе ви помине во фантазирање и радост. Зајакнете ги убавите чувства, вербата во луѓето и оптимистичниот став.

Девица (23.08 – 22.09)
Денес ќе ве следат добри и среќни моменти. Ќе бидете задоволни со учинокот и ќе слушенете добри вести. Ќе бидете осетливи на туѓите провокации па затоа избегнувајте ги непријатните лица.

Вага (23.09 – 22.10)
Сјајно ви оди во друштвото, па затоа не бидете сами ниту денес. Договорете некој заеднички ручек или вечера со лицата кои ви се драги. Здравјето ви е солидно, но недоволно сте физички активни. Направете нешто околу тоа.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денот ќе ви биде одличен бидејќи одлично ќе се организирате. Среќата ќе ги следи сите брачни парови. Внимавајте на џепчиите, можно е некој нешто да ви украде. Тоа може многу да ве налути.

Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес не можете да се пофалите со посебните вештини. Денот ќе биде сосема обичен без речиси никаква содржина, истите лица и истите нешта. Можен е пад на имунитетот и мали здравствени проблеми.

Јарец (22.12 – 20.01)
Вие сте упорни и истрајни и покрај падовите и проблемите кои ги носите на грбот. Денес сами ќе си ја подобрите ситуацијата така што ќе завртите нов лист во кој ќе нема место за нервоза. Енергијата побарајте ја во дружењето со саканите лица.

Водолија (21.01 – 19.02)
Партнерот ве сака, разбира и искрено поддржува во се, но дали вие во доволна мера му возвративте?! На работа ќе имате добри деловни прилики, ќе наидете на вистинските соработници. Тргнете се настрана од невољите, во кои обично запаѓате.

Риби (20.02 – 20.03)
Контаките со силни, млади и амбициозни лица ќе ви ја поткренат самодовербата. Ве очекува сума на пари кои овој пат паметно ќе ги искористите. Побарајте ја енергијата во здравите намирници.



