ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поскапи цени на горивата

Од денеска поскапи цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на претходната недела.

Според новата одлука, од ноќеска по полноќ цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за половина денар за литар и ќе изнесува 71 денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се поскапи за 1 денар и се продваат за 73 односно 62,50 денари по литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 1 и пол денар по литар и изнесува 62,50 денари.

Цената на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1,089 денар/килограм и сега изнесува 37,019 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,338 %, дизелот за 3,952 %, екстра лесното масло за 4,602 % и кај мазутот зголемувањето е за 3,891 %, посочуваат од Регулаторната комисија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП