29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПокетино не е загрижен за Мбапе: Ставот на нашите челници е јасен

Покетино не е загрижен за Мбапе: Ставот на нашите челници е јасен

Тренерот на ПСЖ, Маврицио Покетино, не е многу загрижен од медиумските шпекулации дека Килијан Мбапе во финишот на преодниот рок ќе се пресели во Реал Мадрид.

Аргентинскиот тренер, по победата на неговите играчи над Ремс, истакнал дека е среќен што го има Мбапе во тимот.

„Килијан е наш играч. Знаете дека фудбалската индустрија е полна со шпекулации. Претседателот и спортскиот директор беа јасни за ова прашање. Тој е тука со нас, што мене ме прави среќен“, рекол Покетино и дополнил.

„Мбапе е еден од најважните играчи во светот, бонус за секој тим“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП